Aлбанија е на пат да ги заврши пристапните преговори со ЕУ до 2027 и да стане членка во 2030
Албанија е на добар пат да ги заврши пристапните преговори со Европска Унија до 2027 година, според нацрт-заклучоците од новиот извештај за проширување, објави „Јуроњуз“. Таа очекува да стане членка на ЕУ во 2030 година.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе го претстави годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија.
Албанија досега отвори шест од седумте преговарачки кластери потребни за прием во ЕУ. Остана единствено кластерот за земјоделство и кохезија, што земјата планира да го отвори до крајот на годината.
Во заклучоците се наведува дека непосреден приоритет е исполнување на краткорочните цели поврзани со владеењето на правото и зајакнувањето на борбата против трговијата со дрога и криминалните групи.
Антонио Коста, претседателот на Европскиот совет, изјави за „Јуроњуз“ порано оваа година дека Албанија, заедно со Црна Гора, е „очигледно понапредна од другите земји-кандидати“.
Неговите забелешки беа повторени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при нејзината посета на Тирана оваа есен.
„Сакам да нагласам дека кај Албанија има зачудувачко и извонредно забрзување во последните три-четири години“, рече таа на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aлбанија е на пат да ги заврши…
Албанија е на добар пат да ги…
Мајката за загинат во Нови Сад продолжува…
Дијана Хрка, мајката на Стефан кој почина…
Косово ја потврди забраната за носење хиџаб…
Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката…
Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во…
Во машинската просторија на петтата единица на…
Половина час го удирал пријателот со раце,…
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за…