„Aнима мунди“: Во нашава држава е во ред да тепаш животни
Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ не е задоволни тоа што од Агенцијата за храна и ветеринарство не започнала постапка за одземање на домашен миленик од жител на Велес, кој пред две недели е снимен како го удира сопственото куче. Од АХВ му наложиле на велешанецот само да го вакцинира кучето и да го микрочипира. Случајот е пријавен и во МВР, но засега нема одговор од полицијата.
– По илјадити пат јавноста сведочи на изживување врз животно и по илјадити пат институциите докажуваат неспособност, слепи и глуви пред очигледно мачење на куче. И овој пат во оваа бесправна држава кучето на приложената снимка остана во рацете на садист кој одбива да го предаде, сака да го тепа а официјалните ветеринари и полициските службеници станаа негови помошници, соучесници занемарувајќи ја константната тортура и болка на животното одлучуваат дека истото ќе остане кај него и го задолжуваат да го чипира и вакцинира што подразбира да стане негов законски сопственик, велат од „Анима мунди“.
Според здружението, лицето кое тепа куче е охрабрено од институциите да продолжи со изживувањето врз кучето.
– Институциите одлучија постапката да заврши со едукација. Треба да го микрочипира, вакцинира а тоа што е чувано во импровизирани услови со видлив деформитет на задни нозе од живот на ланец и повремено тепан очигледно не ги засега оние што треба да го заштитат животното и имплементираат законот, реагираат од „Анима мунди“.
Оттаму, прашуваат до кога ќе се замижува пред секојдневните случаи на неодговорност, мачење и малтретирање па и убивање на животни.
– Бараме од Министерството за внатрешни работи да извести јавен обвинител и да се поведе кривична постапка за мачење и малтретирање на животното. Бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство да престане со префрлање на одговорност, да направи исклучок и покаже способност за работа како што и доликува на една европска држава и да пристапи кон одземање на кучето од сопственикот, нагласуваат од здружението
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од вработените на Клинички ќе паркираат…
Министерството за здравство во договор со компанијата…
Медведев до Трамп: Добро започнавте, честитки, господине…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…
Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…