Aрената речиси распродадена, фудбалерите вечерва ќе имаат голема поддршка!

t

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во натпреварот против Казахстан ќе има голема поддршка од трибините, бидејќи билети во продажба нема уште многу.

Натпреварот започнува во терминот од 20:45 часот, а на нешто повеќе од три часа до почетокот во продажба се останати само мал број билети на западната трибина. Северната и источната беа целосно распродадени, додека на источната ФФМ обезбеди бесплатен влез за младите фудбалери од детската лига и учесниците од основните училишта.

Селекторот Благоја Милевски и голманот Столе Димтриевски на вчерашната прес-конференција и побараа силна поддршка која на крајот и ќе ја добијат, па за вечерта да биде спектакуларна потребно е само уште да освоиме три бода.

Македонија на две кола пред крајот епрва во групата со 12 бода, Белгија има 11, Велс 10, но овие две селекции имаат и натпревар помалку од Македонија.

Вратите на стадионот се отвораат во 18:45 часот. Билетарата на стадионот пред почетокот на дуелот нема да работи, па билети може да се купат само оналјн – ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aрената речиси распродадена, фудбалерите вечерва ќе имаат…

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во натпреварот против…

Инцидент за време на говорот на Трамп…

Инцидент се случи за време на говорот…

Адвокатска комора до Коцевски: Правите притисок до…

Остри одговори и пораки од Адвокатската комора…

Полцискиот синдикат по срмтта на колегата од…

СИСТЕМОТ СИ ГИ ЗЕМА СВОИТЕ ЖРТВИ... Почитувани,…

Локални избори во Косово: Српската листа ги…

„Српска листа“ се враќа на власт во…