Aрсовска распали по Бектеши: Ако не те бива, поднеси оставка!

t

Жесток одговор од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доби министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со БЕГ.

-Навистина е жално што Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите.

Додека најголемиот дел од европските земји се подготвуваа за справување со енергетската криза и уште пред една година носеа одлуки и мерки за да ги заштитат своите граѓани од несаканите последици, кај нас мерките доцнеа најмалку шест месеци и не беа доволни да ги санираат штетите кои настанаа од немањето на стратегија за решавање на енергетската криза.

БЕГ е проблем на Владата. Министерот Бектеши треба да си ги знае сопствените надлежности и да ги реши проблемите на граѓаните. Да потсетам министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност.

Градот Скопје нема законска обврска да му ги решава проблемите на Бектеши. И наместо да си бара „жртви“ за сопствената неспособност, да најде начин како да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат на раб на сиромаштија заради неговите „успешни“ економски политики.

Ако треба да бидам и министер за економија, Бектеши нека си поднесе оставка, пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…

Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…

Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…

Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…

Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…

Анализата на податоците за следење на летот…

(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…

Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…

„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…

Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…