Aрхиепископот Стефан се сретна со Ковачевски

t

Премиерот Ковачевски информира дека денеска остварил средба со Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан на која размениле мислења за повеќе актуелни теми.

Ковачевски преку неговиот фејсбук профил истакна дека со архиепископот помеѓу другото разговарале и за предизвиците од енергетската криза и за поддршката на најранливите категории.

Денеска имав чест со Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, да размениме мислења за повеќе актуелни теми, особено за активности по влегувањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни Православни цркви. На средбата разговаравме и за предизвиците од енергетската криза и за обезбедената поддршка на најранливите категории во овие тешки времиња на економско-енергетска криза, стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ најави уште апсења – Вчера имало…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до…

Пронајдена почината 27-годишна жена на брегот на…

На  28.06.2025 година во ОВР Дебар е…

Ужас во Пехчево: Млада жена турната низ…

Во објектот на Центарот за социјални работи…

Никој не даде оставка за Кочани –…

Јавноста во Кочани будно ќе го следи…

Цените во Охрид „подивеа“: Еспресо 150, помфрит…

Нова сезона во Охрид, нови жалби од…