Apple ја претставува најновата буџетска верзија на Ајфон

t

Технолошката компанија Епл, денеска треба да ја промовира најновата буџетска верзија на Ајфон, моделот SE, во обид да ја зголеми застапеноста на пазарот во сегментот смартфони од средната класа и да ја зајакне својата позиција наспроти конкурентите Samsung и Huawei.

Четвртата генерација на поевтиниот модел, засега познат како iPhone SE, технолошкиот гигант сака да ја спореди со популарните уреди што работат на оперативниот систем Android.

Тековната генерација на iPhone SE, која беше лансирана во 2022 година, се продава по цена од 429 долари, а новиот модел веројатно ќе биде поскап. Основната верзија на iPhone 16, кој излезе на пазарот во септември, започнува со цена од 799 долари.

-Ако SE 4 донесе значителни подобрувања во дизајнот, перформансите и функциите со вештачка интелигенција, тоа може да ја зголеми неговата атрактивност на пазарот и да ја зајакне позицијата на Епл во различни ценовни сегменти, изјави Варун Мишра од Counterpoint Research.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

Миовски со посебни копачки против Велс, посветени…

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на натпреварот со Велс во квалификациите за…

ДЗС го затвори прилепскиот театар – Има…

Дирекцијата за заштита и спасување во текот…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Во САД одбележан Денот на независноста на…

Воената соработка на Вашингтон со Атина е…