Aрсовска удри по Мицкоски за мигрантите: Македонија не смее да стане пункт на туѓи мигрантски политики!
Кој има трпение, нека го изгледа целото видео! За ИДНИНАТА на Македонија.
Со овие зборови го почна постот поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, која, иако победи со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, кратко по добивањето на мандатот, се разиде со сега владејачката партија.
Таа објави видео за најактуелната тема деновиве, поврзана со тврдењата дека во нашата земја ќе се испорачуваат мигранти од Обединетото кралтсто.
– Дали на било чија изборна платформа слушнавте „увоз на мигранти“ и дали гласавте за вакво нешто?
Британија во разговорите со Македонија договара хабови за ИЛЕГАЛНИ мигранти, а ќе се плаќа за секој мигрант. Пакетот вклучува и „инвестиции“ и „безбедносна помош“.
Министрите во Британија велат дека ова е „нова важна иновација“, а Македонија е „решението“ за справување со мигрантските банди.
Што значи ова? Мигрантите од опасни земји како Авганистан, ќе се испраќаат кај нас. Нема да бидат задржани, ниту ограничени, што значи слободно ќе можат да се движат. Ќе се охрабруваат да бараат работа во сектори како градежништво каде има дефицит на работници.
Во последните 12 месеци бројката на нови ИЛЕГАЛНИ мигранти во Велика Британија е над 45.659.
Македонија не смее да стане пункт на туѓи мигрантски политики. Време е за поставување прашања и време е за став – посочи Арсовска, споделуваќи видео од разговор за англиските телевизии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aрсовска удри по Мицкоски за мигрантите: Македонија…
Кој има трпение, нека го изгледа целото…
Британско разузнавање: Стармер подготвува центри за мигранти…
Британски разузнавачки извори тврдат дека премиерот Кир…
ЕУ усвои регулатива за враќање на нелегални…
Советот на ЕУ усвои регулатива со која…
Хаос на Крит и низ цела Грција:…
Аеродромот Хераклион на Крит е затворен до…
(Видео) Николоски повторно се пофали дека се…
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт…