CВР Велес со апел до граѓаните да не наседнуваат на измамници со дрва
Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги во овој период претежно дрва за огрев, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во полиција.
Во СВР Велес има пријави од граѓани за извршени измами од страна на лица кои лажно се претставуваат и на различни начини ги доведуваат до заблуда оштетените со цел да остварат парична и друга корист.
Секторот за внатрешни работи Велес како што информира портпаролот Ристо Самарџиев, превзема интензивни мерки и активности за спречување на ваквите појави и расчистување на пријавените измами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…