Eдно лице загинало како последица на експлозиите во близина на руската воена воздухопловна база
Прорускиот лидер на анектираниот украински полуостров Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека едно лице загинало како последица на експлозиите во близина на руската воена воздухопловна база.
Локалните власти соопштија и дека во експлозиите се повредени пет лица.
Очевидци изјавиле дека околу 15:20 часот по локално време одекнале најмалку 12 експлозии од правец на воздушната база Саки на руската армија во близина на Новофедоривка, на западниот брег на Крим. Последната експлозија, која одекнала околу 15:50 часот, била најгласна.
Руското Министерство за одбрана тврди дека биле активирани неколку магацини со воздухопловна муниција, но не кажуваат што ги предизвикало експлозиите. Москва, за разлика од проруските власти на Крим, тврди дека во експлозиите нема повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…