Eвровизија воведува ново правило: земји во вооружен конфликт нема да можат да бидат домаќини
Организаторите на Eвровизија во средата објавија промена на правилата со која земја која е во вооружен конфликт нема да може да биде домаќин на натпреварувањето.
Eвровизија секоја година ја организира јавниот сервис од земјата која победила на претходното издание, во соработка со Европската радиодифузна унија, односно ЕБУ.
Според новите правила, победничката земја автоматски нема да може да биде домаќин доколку вооружен конфликт, чувствителна геополитичка ситуација или друга околност сериозно ја загрозува безбедноста и стабилноста на земјата или регионот.
ЕБУ соопшти дека, доколку е потребно, може да ангажира независни експерти кои ќе проценат дали победничката земја може безбедно да го организира натпреварувањето.
Иако во соопштението не се споменува конкретна земја, промената доаѓа во момент кога Израел беше блиску до победа во 2025 и 2026 година, завршувајќи на второто место и во двете изданија.
На Eвровизија 2026, пет земји – Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд – го бојкотираа натпреварувањето поради учеството на Израел, во знак на протест поради војната во Газа.
Доколку победничката земја не може да биде домаќин, ЕБУ ќе избере друга земја која ќе го организира натпреварувањето.
Слична ситуација се случи и со Украина. Откако земјата победи во 2022 година, не можеше да биде домаќин поради руската инвазија, па Eвровизија 2023 се одржа во Ливерпул, Велика Британија, во име на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Eвровизија воведува ново правило: земји во вооружен…
Организаторите на Eвровизија во средата објавија промена…
Македонија од следната година се враќа на…
Македонија планира да се врати на Евровизија…
Словенија нема да учествува на Евровизија доколку…
Словенија не планира да учествува на Евровизиja…
Австрија победи на Евросонг 2025 во Базел
Австрија победи на Евровизија 2025. Победата ја…
Учесниците на Евровизија не смеат да веат…
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови, построги…