Jaневска не знае дали ќе остане министерка за образование
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека е рано за да размислува дали таа ќе дојде на местото на Таравари, кој најави излегување од Владата. Владата има премиер, а веројатно има и преговарачки тим. Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде, рече Јаневска.
На прашањето дали ќе прифати ако и предложат таква позиција, таа додаде дека е рано да се размислува за такво нешто.
„Сосема е рано да се размислува за такво нешто, ќе кажат тие што се одговорни, кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме“, истакна Јаневска.
Изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека е можно секторот здравство да го добие ВМРО-ДПМНЕ, Јаневска рече дека ја слушнала од медиумите.
„Како министер за образование имам толку многу работа да досработам што навистина не мислам, ниту сум вклучена во тие преговори и повторно ќе кажам, има одговорно лице кое ќе каже како треба да биде“ нагласи Јаневска.
Касами синоќа изјави дека во Владата имало разговори какви комбинаторики да се направат во однос на министерските места што би се испразниле со заминувањето на АА и Арбен Таравари во опозиција.
Тој во интервју за „360 степени“ рече дека не ја исклучува можноста „Вреди“ да го „даде“ Министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат да добие друг ресор. Неофицијално, според „360 степени“ се разгледува можноста ресорот образование да ѝ припадне на коалицијата „Вреди“, а со здравството да раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…