Kривична против поранешен директор поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против В.К во својство на поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника М-НАВ поради основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба“ и против Б. А. во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во М-НАВ за „Несовсено работење“.
Првопријавениот В.К. извршил спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една во текот на 2022 година, спротивно на Законот за јавни набавки. Второпријавената Б. А. со пропуштање на должен надзор и спротивно на Законот за јавни набавки, ја објавила на електронскиот системот за јавни набавки со што овозможила спроведување на истата..
Пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ во износ од еден и пол милион денари, односно нешто повеќе од 26 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…