„Kутрите пингвини, што му погрешија на Трамп“? Воведени царини на два ненаселни острови

Два мали, оддалечени острови на Антарктикот населени претежно со пингвини и фоки се меѓу необичните места цел на тарифите наметнати од администрацијата на Доналд Трамп. Островите Херд и Мекдоналд, територија на речиси 4.000 километри југозападно од Австралија, се достапни само по еднонеделно пловење од Перт, а од луѓето не се посетени речиси десет години.
Австралискиот министер за трговија Дон Фарел изјави за ABC (Australian Broadcasting Corporation) дека тоа е „очигледна грешка“. Кутрите пингвини, не знам што му погрешија на Трамп, но искрено, се чини дека се беше избрзано.
Претседателот Трамп во средата објави огромни увозни царини како одговор на, како што тврди, нефер трговските бариери за американските производи. Новите царини не ги зафатија само австралиските територии, туку и норвешките острови Свалбард, Фокландските Острови и Британската територија на Индискиот Океан.
„Тоа само потврдува дека буквално нема место на Земјата што е безбедно од вакви одлуки“, рече австралискиот премиер Ентони Албанес.
Како и остатокот од Австралија, Херд и Мекдоналд, островите Кокос (Килинг) и Божиќниот остров сега подлежат на царина од 10 проценти. Островот Норфолк, исто така австралиска територија со околу 2.200 жители, е погоден со уште повисока царина, дури 29 отсто.
Последен пат луѓето стапнале таму во 2016 година
Островот Херд е „негостољубив“ и ненаселен, ледено пространство кое го крие најголемиот и единствен активен вулкан во Австралија, Биг Бен, опкружен со глечери. Последен пат луѓето стапнале таму во 2016 година, кога група радио аматери, со одобрение на австралиската влада, го пренесоа својот сигнал од островот.
Научникот Мајк Кофин од Универзитетот во Тасманија помина седум пати во околните води за истражувачки цели, но се сомнева дека островот има некаков значаен извоз во САД. „Таму нема ништо“, изјави тој за Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Kутрите пингвини, што му погрешија на Трамп“?…
Два мали, оддалечени острови на Антарктикот населени…
Сообраќајка во Ченто, прегазен е малолетник!
Денеска (04.04.2025) во 16.40 часот на крстосница…
(Видео) Колона непрописно паркирани возила во Куманово,…
Колона возила е неправилно паркирана кај Џамијата…
Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да…
Во однос на видеото коешто се шири…
Кешишев: После тепањето му реков на началникот…
Во Кривичниот суд денеска продолжо рочиштето за…