Kaков меч синоќа во Лондон, кој не гледаше многу пропушти
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, тешко наоѓаше зборови откако неговиот тим синоќа загуби со 3:4 од Челси.
„Црвените ѓаволи“ водеа со 3:2 до последните секунди, но примија два гола длабоко во судиското продолжение и заминаа поразени од „Стемфорд Бриџ“.
-Почнавме лошо и не се браневме како што треба. Но, видовте дека после тоа почнавме да доминираме. Нашата игра беше блескава и заслуживме да победиме. Не можеме да дозволиме туку така да ја испуштиме победата. Мора да научиме да ги контролираме натпреварите. Лесно можеме да обвиниме фудбалер, но ова е тимска игра. Кога станува збор за хаос, целиот тим мора да се справи со тоа, а ние донесовме погрешни одлуки и не си помагавме. Ни недостигаше концентрација во играта без топка и тоа се покажа фатално, изјави Холанѓанецот веднаш по мечот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…