Koмшија не продаваме веќе ЛЕБ: Трговци со храна и горива најавија дека нема да продаваат леб и горива поради владината мерка

t

Трговци со храна и горива најавија дека нема да продаваат леб и горива поради владината мерка за укината или намалена маржа. Дел од нив веќе размислуваат како да ги изиграат мерките за да обезбедат опстанок. Граѓани алармираат дека некои трговци ја ограничиле продажбата на одделни производи, а на одделни бензински пумпи нема гориво. Тие се жалат дека цените поради намалениот ДДВ веќе се намалуваат, но се повторно високи бидејќи деновиве трговците ги зголемија цените на производите за неколку проценти. Од Организацијата на потрошувачи каде што деновиве се зголемиле поплаките на граѓаните за однесувањето на трговците, велат дека за одделните случаи треба да се алармира инспекторатот. И владата најави зголемени контроли на пазарните инспектори, пренесува Плус Инфо.

Со стапување на сила на мерките за 0 отсто или намален ДДВ и намалена маржа, граѓаните денеска велат дека иако плаќаат пониски сметки поради тоа што ДДВ е намален, сепак цените на основните прехранбени производи освен лебот, се повисоки бидејќи во изминатиот период тие пораснаа.

– Стасавме до тоа дереџе што за да купиш поевтино треба да прошеташ повеќе супермаркети или продавници, а ако сакаш да купиш 3 исти производи нема да можеш бидејќи трговците одлучиле да ти продадат само две пакувања од ист производ. Не верував во тоа додека не отидов во еден од супермаркетите да земам 3 шишиња зејтин. Инаку, сѐ е поскапено и покрај тоа што како што рекоа, не се плаќа ДДВ за одделни производи, а за други има помала маржа. Еве, на пример, табла јајца беше 172, а сега е 225 денари, значи 40 денари повеќе. Говедското месо во некои продавници поскапе 80 денари, а во други 100 денари. Рибата која деновиве, поради постот, се троши повеќе има повисока цена за 10 до 15 денари. Брашното зависно од маркетот има повисока цена за 10 денари, а и зејтинот е поскап од 5 до 10 денари. Значи сѐ поскапе пред мерките, само платата остана иста – вели Никола А. од Ѓорче Петров.

Друг граѓанин вели дека во најблиското продавниче веќе не може да купи леб, бидејќи сопственикот на продавницата одлучил да не го продава, бидејќи нема заработка.

– Не купив леб, ама не купив ниту други производи денеска кај мојот комшија продавач. Вели не можел да троши работници и време да ги услужува муштериите со леб, бидејќи нема никаква заработка од него. Времето ќе го потрошам да услужам друг. „Извини комшија, му реков, ако нема леб, нема ниту друго да купам“. Така, сега одам во друг маркет каде што ќе ме услужат и со леб и со други производи – вели тој.

Од Организацијата на потрошувачи велат дека деновиве имаат зголемен број поплаки од граѓани за трговци кои не ги почитуваат мерките.

– Имаме поплаки за повлечени резерви, односно празни полици во објектите, потоа ограничен број пакувања од некои производи и за зголемени цени. Денеска има и за ДДВ. Сите граѓани кои ќе забележат вакво однесување на трговците треба да го известат Државниот пазарен инспекторат, кој е должен да направи увид во трговскиот објект и да преземе соодветни мерки, ако пријавата е точна – вели Мартина Грнчаревска од Организацијата на потрошувачи.

Препорака од Организацијата на потрошувачи е граѓаните деновиве да бидат повнимателни во однос на почитување на мерките посебно кај намалувањето на ДДВ.

Извор: Плус Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе испрати војници на Арктикот: Рускиот…

Прашањето за Гренланд нема никаква врска со…

ДУИ бара во истрагата за Кочани да…

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) бара…

Ганиу: Од девет училишта во Чаир, седум…

Првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу…

САД ги паузираат придонесите за Светската трговска…

Соединетите Американски Држави ги ставија на „пауза“…

Билд: Руски извидувачки авион се приближи до…

Руски извидувачки авион денеска се приближи до…