Koцарев со нова книга „За македонските работи“ – повикува на спасување на Македонија од разнебитување

Во издание на „Матица македонска“ изезе од печат книгата „За македонските работи“ од академикот Љупчо Коцарев. На страници од ова тестаментално дело, авторот застапува есеи, обраќања, беседи и слова, во кои со критичка опсервација ги анализира македонските состојби.
Книгата е составена од четири дела – „Македонскиот дел од пеколот и од рајот: како понатаму?“, „Предизвици во науката“ ,„Интервјуа“ и „Македонскиот манифест“. Во аналитичките и студиозни текстови, Коцарев ги поставува прашањата „Како/Што понатаму?“ и „Кои се нашите предизвици?“, што зборува, од една страна, за неговата загриженост поврзана со повеќедецениската криза во Македонија и, од друга страна, за неговиот обид за изнаоѓање решенија за излез од кризата и за опстојбата на Македонија.
Во предговорот кон изданието, како што соопшти издавачот, авторот ја искажува и својата скепса за нашето битисување, констатирајќи дека „По неброено изречените слова и понудените решенија, признавам не сум оптимист. Ќе најдеме ли сили да ја спасиме Македонија од разнебитување? За жал, во моментов, не можам да дадам позитивен одговор. Време е да се обединиме, време е да престанеме да се бориме меѓу себе, туку против корупцијата, дивеењето, алчноста, нечесноста, сервилноста на сите владејачки гарнитури, какви и да биле: леви, десни, шарени, еднобојни, во центарот, на периферијата“.
Академикот Љупчо Коцарев е актуелен претседател на МАНУ, редовен професор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и истражувач во рангот на редовен професор на Универзитетот Калифорнија, Сан Диего од 1998 до денес. Бил дел од академскиот тим на Универзитетот Калифорнија (Беркли).
Автор е на над двесте научни студии објавени во педесетина списанија во природно-математичките науки, техничко-технолошките, општествените и во хуманистичките науки. Изумител е на шест патенти, одобрени и патентирани во Америка и Европа. Неговите истражувања се финансирани од повеќе научни агенции во Америка, во Европската Унија, во Германија, како и од индустријата.
Добитник e на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…