Koстадинов до Таравари и Мицкоски: Пред да го смените државниот грб и химната – кога планирате да го поправите апаратот за компјутерска томографија во Струмица?

t

Пред да го смените државниот грб и химната, и пред Министерот за здравство да завлезе во решавање на етничките прашања, да ве прашам – кога планирате да го поправите апаратот за компјутерска томографија во Струмица, прашува Костадинов на Фејсбу.

-Девет месеци откако сте на власт не работи апаратот за компјутерска томографија во струмичката болница.

Девет месеци струмичани секојдневно се принудени да патуваат до Гевгелија или Штип за да направат дијагностички преглед на КТ скен.

Колеги функционери и пратеници што земате помеѓу 2.5 – 6 милиони денари за патни трошоци, за овие луѓе што секој ден патуваат стотици километри за услуга која ВИЕ треба да им ја обезбедите во нивниот град кој ќе им ги плати нивните трошоци?

Тргнете ја на страна омразата кон мене, та и струмичани мораат да трпат поради тоа? Не ли е срамота девет месеци да вршите тортура врз пациенти?

Секој ден се фалите дека трошите по неколку милиони на сокаци, чешми и огради, ама на никој не му текна да дојде и да го поправи КТ скенот во струмичката болница.

Еве еден предлог, откажете едно патување во бизнис класа и поправете ја комјутерската томографија во струмичката болница.

Ве замолувам, горди од власта, не малтретирајте недолжен народ затоа што немате друга идеја како да ме победите на избори!

Фејсбук статус на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…