Mицкоски бил на иста бранова должина со Пендаровски

t

„Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Кавадарци одговарајќи на прашање за изјавата на Пендаровски околу формулирање на прашањето за референдум.

Мицкоски додаде дека тој е пријатно изненаден од ставот на Пендаровски бидејќи е позитивен за референдумското изјаснување. А, референдумот претставува највисок чин на демократијата во една држава.

Вчера лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ексклузивно за Инфомакс откриј дека ако истиот биде за францускиот предлог, неговата партија ќе го бојкотира бидејќи како што вели тие веќе се изјасниле за францускиот предлог во Собранието.

-Во врска со референдумот за мене има многу неодговрени прашања, не знам што треба да се постигне со референдумот, кое ќе биде прашањето за референдумот. Ги имате ли овие одговори? Мислам дека никој јавно ги нема дадено одговорите. Во врска со што ќе биде тој референдум. Што ќе придонесе. Ако е во врска со францускиот договор, ние сме сериозна партија и конзистентна, ние уште на почетокот рековме дека треба многу добро да се размисли во врска со овој предлог бидејќи не е само прифаќање или не на предлогот. Тука е продолжување или не на патот кон ЕУ, или ќе прекинеме со Европска Унија. Ние мислиме дека друга алтернатива Македонија не треба да има. Само ЕУ треба да биде алтернатива и ништо друго. Постојат сили внатре во државата кои имаат и друго мислење, но тоа мислам дека ако имаме предвид која е нашата реалност од таа појдовна точка треба да појдеме, ЕУ е Унија која сите не обединува. Секоја друга варијанта може да не подели. И затоа треба разумно да се однесуваме, вели Села.

Бојкот на референдумот најави и владеачката партија СДСМ. За да биде успешен референдумот на гласање треба да излезат 910 илјади гласачи според последниот избирачки список.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…