Mицкоски патува кај Курти на меѓувладина средба
Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Седницата ќе започне во 12:00 часот, а претходно, од 11:20 часот, ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти.
Како дел од активностите на седницата, се предвидени и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади, кои ќе разгледуваат можности за продлабочување на билатералната соработка во различни области.
По завршувањето на седницата, ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка, кои ќе ги отворат патиштата за нови иницијативи и проекти меѓу двете земји.
„Со оваа седница ќе ја унапредиме нашата соработка со Косово и ќе продолжиме да работиме на зајакнување на нашите билатерални односи“, информираат од владината прес-служба.
За крај, во 13:45 часот, ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти, на која ќе бидат соопштени резултатите од средбите и новите договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mицкоски патува кај Курти на меѓувладина средба
Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина…
Медведев: САД се среќни што инвестираат во…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Лидерот на германските социјалдемократи ги повика своите…
Копретседателот на германската Социјалдемократска партија (СДП), Ларс…
(Видео) Робот-куче задолжено за безбедноста на Доналд…
„Спот“ е името на робот-кучето кое е…
(Видео) БРАВО! – Македонија води: Миовски го…
Maкедонската фудбалска репрезентација по 60 минути игра…