Mицкоски подготвува алиби за уставни измени? Бујар Османи не се сака да ниту да го коментира, вели ќе има промена на Устав

t

Ставовите на претседателот на опозицијата се толку шаренолики, разнолики и неконзистентни секоиј ден, веројатно заради некоја партиска стратегија за присутност, така што не заслужуваат одговор, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на прашањето за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски дека полукриминални структури им се закануваат на пратеници од СДСМ и ДУИ кои давле сигнали дека ќе гласаат за предвремени парламентарни избори.

„Обвинувањето дека имало некакви структури коишто влијаат на пратениците не заслужува одговор зошто не е конзистентно, е толку неодржливо така што не заслужува внимание. Тоа што заслужува внимание е фактот дека процесот на прегивори се одвива одлично, дека ЕУ испраќа пораки дека се позитивно изненадени од спремноста на нашата администрација да одговори на барањата, позитивно изненадени од тоа колку сме направиле во изминативе 17 години во постигнување на исполнување на критериумите. Потребата од уставни измени е неизбежна нема да можеме да ја избегнеме обврската од внесување на помалите заедници во Уставот заради тоа што без тоа нема европски процес. Ако сме убедени дека од тој процес нема бегање, тогаш чуму го блокираме најважниот политчки, европски моментум. Заради некакви партиско политички калкулации заради тоа што некој сака да биде на функција. Тоа некој од канцеларија заради свои пресметки да го загрози, тоа мислам граѓаните нема да го дозволат“, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…