MПЦ со став за преговорите со Бугарија: Политичарите да не попуштaaт
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ-ОА) апелира до надлежните државни фактори, во преговарачкиот процес со Република Бугарија да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет.
Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 23 декември 2021 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на актуелните прашања што се однесуваат на преговарачкиот процес со Република Бугарија. САС на МПЦ-ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. Во тој процес сите позиции да се водат исклучиво на реципроцитетна основа“, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.
Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА упатуваат и апел до верниците да продолжат да ги почитуваат здравствените мерки за време на претстојните празници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…