Meрко ќе плаќа инфлуенсерки за да го промовира туризмот во Струга
Локалните власти во Струга за туристичка промоција на градот оваа година ќе потрошат околу 58.000 евра. Станува збор за програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите која неодамна ја изгласа мнозинство на ДУИ и СДСМ во Советот на општината. За подготовка, обработка и печатење на промотивни материјали се предвидени 300.000 денари. ВМРО и Алијанса на Албанците реагираат дека станува збор за нереална програма, пренесува Алсат.
„Средствата предвидени за овој буџет за промоција на туризмот се предимензионирани и не се во дослух со можностите и средствата кои општината ги има на располагање. Како организиран начин на рекламирање и делење на таков вид на рекламен материјал со години наназад не сме виделе речиси ништо…“, изјави Никола Кукунеш-советник од ВМРО ДПМНЕ.
„Во изминатите години не видовме некој пропаганден материјал или нешто во тој правец, да се промовира или да се подготвува, а не пак да се присуствува на некои посериозни саеми за да се промовира туризмот, бидејќи ние како Струга сме туристички град и очекуваме најголеми приходи од ставката туризам“, рече Нијази Џумкар- советник од Алијанса на Албанците.
За продукција на фотографски и видео-материјали за туристичките потенцијали ќе се потрошат 220.000 денари, за билборди, реклами, блогери и инфлуенсери, 300.000 денари. За учество на саеми и форуми надвор од државата и во Струга, еден милион денари.
Туристички работници сметаат дека Струга недоволно самостојно се претставува во странство.
„Го нема тоа на жалост. Ќе дојде некој гостин да ми побара нешто од општината, а немаме, а добро е да има“, нагласи Боро Симјаноски-угостител.
Инаку, дел од активностите за оваа година се пресликани од програмата за 2021 година за кога беа издвоени 73.000 евра.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…
(Видео) Во пожар изгоре кровната конструкција на…
Пожар избувна претпладнето во Безистенот во Струга,…
Иницијатива струшкиот КПД да стане женски затвор
Министерот за правда Игор Филков и Ардит Мустафаи,…
Се трага по 60-годишник од Струга –…
На 21.10.2024 во 16.45 часот во ОВР…
Стружани протестираа против отворањето казина и обложувалници
Жителите на Струга се противат на најавите…