Mopничаво: Ја откoпaле од гpoб за да најдат злaто – ocтанале со празни paце и kpивична
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.
Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.
Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ.
Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдени машини од градилиште на пругата Куманово…
Непознати лица украле машини на компанија која…
Дрска кражба во скопско: Од врат ѝ…
На 31.05.2024 во 19:45 часот во СВР…
Украден сеф од објект во Карпош!
Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…
Бог да чува: Малолетник крадел од манастир
На 27.03.2024 во 18.50 часот во Кавадарци,…
На сред ноќ упаднале во домот на…
На 20.03.2024год., во 03:30 часот во Полициската…