Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат
Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ).
Тогаш, по 24 декември, време кога немаше многу луѓе околу СДСМ, кога опозицијата беше под постојан притисок, неопределените загрижено гледаа од дома, време кога ВМРО ДПМНЕ и ДУИ беа на врвот на својата моќ.
Дали тоа ме поколеба во изборниот процес ? Секако дека не. Напротив, мотивацијата беше на највисоко ниво. Теренот беше покриен од утро до вечер, не покажував со прст, не броевме, работевме.
Чувствував дека тоа е обврска, но и љубов. Љубов кон градот што најмногу го сакам, но и кон идејата дека СДСМ може и знае поинаку.
Не победив. Но, немаше ни победа во прв круг, иако славјето на власта веќе беше подготвено. За нивните гласови имаше и снимки, а нашите беа обврска да се продолжи во борбата против еден режим.
Верувам дека многумина од оние што тогаш гласаа за ВМРО, веќе во 2016 дадоа глас за промени. Во вториот круг се боревме со пораката “Глас +“, тоа беше повеќе од слоган, беше насока, политички концепт.
И сѐ уште мислам дека токму таква политика треба да се води.
“Глас +“, политика која вклучува, привлекува со принципте на слобода, еднаквост, солидарност.
И токму затоа денес, повеќе од кога било, е важно да се разбереме како до “Глас+”, да направиме разлика што значи лојалност.
Лојалност кон партијата, лојалност кон државата.
Но, лојалноста не е слепо следење.
Лојалноста е одговорност.
Одговорност да мислиш, да кажеш, да создаваш.
И во таа насока мора да разбереме дека секоја држава има своја економска структура, свои историски и политички услови.
И затоа патот напред не може да биде копија, туку мора да биде резултат на сопствено разбирање, зрелост и визија.
Патот не може и не смее да биде туѓ, ниту копиран, тој мора да биде наш, создаден со разум и чувство за реалноста. И само автентичниот пристап, втемелен во реалноста, може да придонесе за промени и вистински напредок на државата.
Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат. Не се создадени за удобност, туку за одговорност. Одговорност за секој збор.
Оттука, кога времињата стануваат сериозни, не ни требаат избрзани одлуки, ниту зборови што навредуваат.
А, токму затоа, тешките муабети не смеат да бидат катализатор на раслојување. Тие треба да бидат простор за зрел дијалог, за аргумент, за приближување, не за поделби. Нема успех со игнорирање на тешките муабети.
Потребно ни е единство. Потребен ни е разум. Потребна ни е зрелост. И потребен ни е заеднички фронт за промени.
Фронт што обединува.
Фронт што носи одговорност.
Фронт што знае зошто постои.
Бидејќи грижата за СДСМ не е молк, најмалку е калкулација, или пак чекање на разврска за некакви места на листи.
Вистинската грижа зборува со емоција од срцето, но водена и следена од разумна политика.
Македонија, денес, ги живее најнеизвесните денови. Власта нема план и концепт за ништо, ама буквално за ништо. Интересот на поединци доминира во општество кое распукнува од негрижа за послабите, ранливите, работниците, младите, жените, пензионерите, тие со заслужена диплома…
Македонија мора да се промени, но првиот чекор започнува од сопствениот двор, а според мене, првиот чекор е искрен пристап на политичкиот концепт “Глас+”. Концепт кој вклучува, концепт кој обединува, концепт кој со својот искрен однос, ќе се отвори кон сите разумни, одговорни, вистински патриоти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mакрадули: Партијата, државта не се простор за…
Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во…
(Фото) Уапсен директорот на Државниот инспекторат за…
Актуелен директор на државна институција вечерва е…
(Видео) Цеков: Не сум против уставни измени,но…
Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, кој е…
Уапсен е актуелен директор на Државен инспекторат…
Службите за борба против организиран криминал уапсија…
Нетанјаху открива колку долго ќе трае војната…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика итна прес-конференција…