Mицкоски: Сум бил во странство, но се вратив поради љубовта кон татковината, овде може да се живее
Наместо куфери за странство, работа и живот дома. Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Македонија може да биде место каде што се живее и заработува, без чувството дека си дојденец. Како што рече во изјавата, Владата и понатаму се стреми да направи се што е во нејзина моќ за да државата ја направи подобра за живот.
,,Тука може да се живее и да се работи и заработи за да биде многу подобро отколку таму да го имате секогаш чувството на дојденци. Може би грубо звучи, брутално исрекно, но такво е чувството сум бил, сум видел, сум се задржал, сум имал многу поголеми можности, но сум го чувствувал тој притисок на љубов кон татковината и сум се вратил. И тоа не треба да ги дели луѓето на етничка припадност, јас велам родум од Македонија. Ова е нашата заедничка татковина и треба таа порака сите да ја слушнат, дека ние како Влада се стремиме и ќе сториме се што е во наша моќ тоа да се случи.“, рече Мицкоски
Мицкоски посочи дека во државата има граѓани кои нихилистички се настроени и создаваат токсична атмосфера и притисок врз луѓето кои сакаат нормално да живеат во Македонија. Рече дека не треба граѓаните да бидат жртви на таков бран негативизам.
,,Во државата има талог на општеството, кој што е нихилистички настроен, кој што се му смета, па дури и изгледот на вашата фризура му смета. Создава една токсична атмосфера, која што создава притисок врз луѓето, кои што сакаат да живеат нормално, слободно, пристојно да општат во државата. Не сите тој притисок можат да го издржат и велат нека оди до врага се, се пакувам и заминувам, јас повеќе не можам да го издржам. И тој талог на општеството не ретко и во политиката е присутен, преку одредени политички партии, кои што немаат политики. Немаат одговор на второто, а на третото сигурно. Првата порака е дека велат дека ништо не чини овде, таму е подобро, а веќе на второто прашање немаат одговор. Не треба да бидеме жртви на таков бран што се обидуваат овие гласни
Според тврдењата на премиерот Мицкоски, во државата покрај другото, се работи и на тоа да се вратат што повеќе странци дома и да се подобар условите за живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mицкоски: Сум бил во странство, но се…
Наместо куфери за странство, работа и живот…
„Блумберг“: Русија ќе инсистира на клучни промени…
Русија има намера да постигне клучни промени…
Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде…
Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“…
Деспотовски во одбрана на Мицкоски: Не треба…
На телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако…
(Видео) Божиќна порака на Зеленски: Се бориме…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до…