Oграбени две филијали за брзи кредити во главниот град

t

Две финансиски друштва во Скопје биле мета на крадци во текот на ноќта, информираа од Министерство за внатрешни работи. Кражбите се случиле во краток временски интервал, на две различни локации во главниот град.

Првиот случај бил пријавен во 05:20 часот во СВР Скопје, кога било констатирано дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво, сторителите насилно влегле и одзеле сеф со пари.

Неполни 40 минути претходно, во 04:44 часот, во СВР Скопје бил пријавен уште еден грабеж. Овојпат на подрачјето на Гази Баба, каде што исто така било насилно влезено во објект на финансиско друштво и одземени биле пари од сеф.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на двата случаи и за пронаоѓање на сторителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oграбени две филијали за брзи кредити во…

Две финансиски друштва во Скопје биле мета…

САД собираат информации за данските бази, паника…

Соединетите Американски Држави тајно собираат „чувствителни информации…

Мицкоски за европерспективата на државата: Прво да…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на…

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на…

Во рамките на опсежна истрага на Основното…

Пицула до Вучиќ: ЕУ не е „шведска…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја гледа Европската…