Oсмани во НАТО ќе бара решение за војната во Украина

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денеска и утре ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што соопшти МНР, централна тема на сесиите ќе бидат актуелните безбедносни состојби предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Министрите ќе разговараат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, односите со земјите партнери на Алијансата, како и за начините за унапредување на политичката и практична помош за партнерските земји кои се изложени на поголем ризик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните удрија по министерката, а се бара…

Изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска,…

Трагична изјава на Јаневска: Министерката за ОБРАЗОВАНИЕ…

Во пресрет на новата учебна година, новата…

Мали: Србија е на прво место по…

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…

(Видео) Претреси во штипско, лишени од слобода…

На 08.08.2024 во 07 часот во с.Селце,…

Биткоинот за првпат го преминува прагот од…

Цената на биткоинот за прв пат го…