Oва се новите цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 отсто во однос на одлуката од 22 септември 2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат непроменети.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари по литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС расте за 0,644 денари по килограм и сега ќе изнесува 37,591 денари/кг.
Од 30 септември 2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,50 ден/л, ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,50 ден/л, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,50 ден/л, Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 69,50 ден/л, Мазут М-1 НС: 37,591 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Oва се новите цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Лажни се анкетите што покажуваат мала поддршка…
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, најавува…
Филипче: Дали ова е гордата Македонија што…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската…
Мицкоски: Правдата не може да чека, нема…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое…
Мицкоски повтори дека нема да има предвремени…
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, не…