Oстанете будни до полноќ, небото се отвора а желбите се исполнуваат
Денеска, 18 јануари, ден пред големиот христијански празник Богојавление, се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Водокрст секогаш е посен ден, и без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа е строг пост. Во некои краеви постои обичај да се стави крст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.
На Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе им ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Ода таа вода да се на леело, можело да се лекуваат многу болести. Ако пак, не се налеела во тој миг, водата можела да се „направи“ откако ќе се покрстела-осветела од свештено лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно висока инфлација
Инфлацијата се повеќе ги „јаде“ парите на…
(Видео) Гаши е невин, вели портпаролката на…
Владејачката коалиција се обедини во заштита на…
Обид за убиство во Гази Баба: Испукал…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36)…
Путин бесен: Ја обвини Украина за „тешка…
Претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…