Oфицијално: Српската влада поднесе барање до КФОР за враќање на српската војска на Косово

t

Претставниците на Владата на Србија денеска поднесоа барање до КФОР за враќање на до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Како што јави Радио-телевизија на Србија, барањето е поднесено на управниот премин Мердаре. Владата на Србија вчера вечер одлучи да побара од КФОР да овозможи враќање на илјада припадници на безбедносните сили на Косово, а одлуката била донесена едногласно.

Претседателот Александар Вучиќ оцени дека тоа е направено за да се намалат тензиите на Косово, но и додаде дека КФОР најверојатно нема да го прифати барањето на Србија. Во меѓувреме, во Косовска Митровица синоќа бил уапсен Слаѓан Трајковиќ, еден од припадниците на косовската полиција кои ја напуштија службата, наводно обвинет за воени злосторства. Етничките Срби се на барикадите веќе седми ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Честитки: За 26,4 милиони ќе се оценуваат…

Владата ја избра компанијата која треба да…

Почна собраниската расправа за ребаланс на Буџетот

Во Собранието денеска започна расправата по Предлогот…

Италија ќе издаде 500.000 нови работни визи…

Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни…

Кривична пријава за проневера во службата и…

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното…

Битиќи стави розови очила за читање на…

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата…