Ocмани контра Славјанка: Македонија сѐ уште не одлучила дали ќе испрати војници во Украина

t

Македонија со внимание ја следи актуелната состојба во Украина, велат од Министерството за надворешни работи. На прашањето на Гласот на Америка дали ќе упатат предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, од МНР велат дека формирале работна група што го следела развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина.

Некои држави веќе ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина, како на пример Канада. Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на земјата, потсетува Гласот на Америка.

Македонија се’ уште нема одлучено, дали евентуално би испратила и свои војници во Украина, како дел од НАТО сојузничките сили. Од Армијата на Македонија велат дека секоја одлука се носи на повисоко ниво и оти во моментот работат според годишен план за работа.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во телефонски разговор вчера со Дерек Чолет советник на Стејт департментот на САД, разменил мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

„Беше изразена взаемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, се вели во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ откри кои ќе бидат новите министри…

Игор Филков, роден во 1979 година, е…

Земјотрес вечерва почуствуван во Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени…

Насилство: Жена крвнички нападната од својот сопруг,…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Германците СЕ ЗБОГУВАА СО РУСКИОТ ГАС?

Најголемиот германски снабдувач со гас Унипер објави…

КИНА ПРЕД САД: Продадени повеќе кинески отколку…

Минатата година за прв пат кинеските автомобилски…