OMO Илинден – Пирин удри по бугарските власти: Претседател на еврочленка штити соработник на Хитлер

t

Во продолжение ви ја пренесуваме интеграло реалцијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН во врска со, како што велат оттаму срамната изјава на претседателот Радев во заштита на фашистичкиот соработник и терорист Иван Михајлов.

„Колку е тажно кога некој си поверува на сопствените лаѓи, кога една држава поверува во сопствената пропаганда, кога еден Претседател на држава се има опколено со неписмени или нечесни советници.

Тоа е Радев, човек кој според своите изјави живее надвор од секоја сегашна и историска реалност по македонското прашање.

Претседател на еврочленка, кој се труди да заштити еден соработник на Хитлер со небулозни аргументи, кој се обидува да ја прикрие неговата вина зашто демек не убивал во логори (ама има убиено илјадници преку тероризам: куршуми, бомби, согорување, живи закопани, пребиени со стапови и т.н. и кој верува во одвратната лага (во суштина говор на омраза) дека во Македонија илјадници биле праќани во логори и таму убивани зашто биле Бугари.

Нека започне да ги набројува почнувајќи со еден, па потоа два. И истиот зборува за фашизам кај држави од анти-хитлеровската коалиција.

Со такво превртување на реалноста е јасно како може Бугарија да претендира дека во неа немало фашизам, да заборава дека била дел од хитлеровата коалиција и столб на Хитлер на Балканот, дека ги испратила македонските Евреи во логорите на смртта и да не гледа сквернавење во тоа да отвара во куќите на овие истите Евреи во Битола клуб на името на еден соработник на Хитлер.
Истиот, излажан од кој знае кој свој советник зборуваше за непостоечки сепаратизам на организациите на Македонците од Бугарија со кои се сретна македонскиот претседател Стево Пендаровски. Со претседател на таков ум и со такви советници Бугарија ја чекаат уште многу, многу понижувања. Резил бај Радев, пеза! За такви изјави твоите европски колеги би си дале оставка. Но! Тие имаат достоинство.“

ОМО „Илинден“-ПИРИН

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…