Објавено на:

OPEК предупредува на нестабилност на пазарот на нафта поради затворање на Ормускиот теснец и војната

t

Групацијата на земји извознички на нафта OPEК соопшти дека очекува помало краткорочно влијание врз побарувачката на нафта отколку што прогнозира Меѓународната агенција за енергија IEA, која претходно во текот на неделата ја зголеми проценката за пад на потрошувачката оваа година.

Според најновите проценки, OPEC предвидува дека глобалната побарувачка за нафта ќе се опорави во следните години, со засилен раст во 2027 година.

Поради тековниот воен конфликт, речиси е целосно прекинат поморскиот сообраќај низ Хормушкиот теснец – една од најважните светски рути за транспорт на нафта.

Овој прекин ја намали понудата од Блискиот Исток за милиони барели дневно и предизвика нагло зголемување на цените на горивата, што директно ги погоди потрошувачите, компаниите и владите кои се обидуваат да ги стабилизираат резервите.

OPEC наведува дека глобалната побарувачка за нафта во 2026 година ќе порасне за околу 1,17 милиони барели дневно, а во 2027 година растот ќе достигне 1,54 милиони барели дневно

Организацијата претходно очекуваше поголем раст, но ги ревидираше проценките надолу поради економските и геополитичките ризици.

Во вториот квартал од оваа година, побарувачката се проценува на околу 104,57 милиони барели дневно, што е намалување во однос на претходните очекувања.

Широката група OPEC+, која ги вклучува и сојузниците како Русија, се согласи од април да ја нормализира испораката на нафта.

Сепак, поради затворениот Хормушки теснец, договореното зголемување на производството не е целосно реализирано.

Во април, производството на OPEC+ паднало на просечно 33,19 милиони барели дневно, што е значително помалку во однос на претходниот месец.

Иако организацијата нагласува дека глобалната економија покажува отпорност, таа признава дека геополитичките тензии на Блискиот Исток создаваат нестабилност на енергетските пазари.

Во исто време, некои земји членки ги ревидираат своите прогнози поради намалена краткорочна побарувачка, но со очекување на повторен раст во подолг рок.

Пазарот на нафта останува силно зависен од геополитиката, при што затворањето на Хормушкиот теснец и конфликтите на Блискиот Исток се клучни фактори што ја диктираат цената и глобалната понуда, додека OPEC и IEA имаат различни очекувања за идниот развој.

Share this:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

OPEК предупредува на нестабилност на пазарот на…

Групацијата на земји извознички на нафта OPEК…

СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот –…

Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е…

Политико: Трамп отиде во Кина за да…

Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата…

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на…

Сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Мерцедес“ и…

АХВ: Официјален ветеринар потврди дека заловеното животно…

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и…