Peзил, некои работи не стареат добро – разликата е два месеци: Бислимовски тврди нема да има ценовни шokoви кај парното греење
Изјавата од ноември
Нема да има ценовни шокови кај парното греење, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Откако лидерот на опозицијата Мицкоски алармираше дека цената ќе расте и гас има до крајот на годинава, Бислимовски вели, состанок имало, но со ТЕТО, а не со БЕГ и за вакво нешто не станувало збор.
Бислимовски вели дека е свесен оти цената на гасот на берзите расте, но уверува дека нема да се дозволи граѓаните да го почуствуваат тоа. Апелира да се престане со шпекулации во јавноста за скок на цените. Тој додаде дека дури и да се дојде до ситуација да расте цената, ќе се разгледаат сите опции, меѓу кои е и целосно бришење на ДДВ за топлинската енергија.
Изјава на Бислимовски од октомври
„Нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни оти ‘А.Д. Електрани’ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија. И тоа по 36 евра за мегават час во услови кога цената на светските берзи е 140 или 150 евра. Обезбедени сме до Нова година, но и потоа, ќе имаме тендер и А.Д. ЕСМ повторно ќе има понуда и не мислам дека може да се очекуваат промени. Така што засега не гледам причини за корекции на цената на струјата која, да ве потсетам, се утврдува секогаш во јуни“, изјави за Дојче веле Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
На 30 декември
Цената на струја ќе поскапи, но тоа нема да биде драстично, изјави синоќа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски, гостувајќи во емисијата „Економски магазин“.
Бислимовски информира дека сѐ што е над 20% во делот на електричната енергија е драстично зголемување.
-Драстично зголемување нема да има затоа што тоа не е решение на проблемот. Со драстично зголемување на цената нема да се подобри ситуацијата, ќе се влоши, бидејќи ќе се намали процентот на наплата и тоа не ни е целта. Целта е да го одржиме, колку што се може во вакви услови на енергетска криза во цела Европа, нашиот систем стабилен, потенцира Бислимовски.
Состојба на 13 јануари
Ќе останат ли скопјани викендов без парно греење? БЕГ вели, пари за набавка на гас нема и бара државата времено да го преземе производството.
– Ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина. За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона, соопшти компанијата.
Колку плата зема Бислимовски
Претседател на Регулаторната комисија за енергетика е Марко Бислимовски кој зема основна нето плата од 97.114 денари или 1.579 евра од граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на златото на историски максиумум и…
Цената на златото достигна највисоко ниво во…
Последни пресметки за цената на парното греење,…
Компаниите кои се надлежни за парното греење…
Цената на златото достигна ново рекордно високо…
Светската цена на златото повторно порасна на…
Се намалува цената на мазутот
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Рекордна цена на златото
Златото на крајот на неделата достигна 2.417…