Sвездата на Интер не гледа Светско во Катар, тешко му е поради Македонија!
Еден од главните играчи на Италија во средниот ред Николо Барела, фудбалерот на милански Интер призна дека не го гледа Светското првенство во Катар, кое е второ по ред на кое не игра четирикратниот светски првак Италија откако Македонија ја исфрли во мундијалскиот бараж во март во Палермо.
Италијанците и девет месеци после невидениот шок не може да се помират и да прифатат дека малата Македонија не им дозволи да стигнат ни до финалниот бараж откако Александар Трајковски во 93-та минута ги потопи на Сицилија за победата во полуфиналето со 1-0.
„Не го гледам Светското во Катар, зашто не знам како ќе се чубвствувам. Уште главата не ми е чиста после тоа големо разочарување со Македонија. Велат теренот секогаш говори, но за мене резултатот беше неправеден. Овој пат бевме ние, следниот може да му се случи на некој друг, но мислам дека европскиот првак или шампионот на Јужна Америка секогаш треба да игра на Светско првенство“, рече Барела.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…