Tажна вест: Почина професор на Филозофскиот факултет

t

По кратко боледување, на 68-годишна возраст вчера во Скопје почина Благоја Јанаков, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Како што соопшти Деканатот на Факултетот, проф. Јанаков по основното и гимназиското образование во родниот Велес студирал психологија во Белград каде го оформил своето високо образование на сите студиски циклуси.

На Филозофскиот факултет во Скопје се вработил во 1989 година како асистент, а по докторирањето на Универзитетот во Белград во 1991 година е избран за доцент за предметот Психологија на личност при Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Четири години подоцна избран е во звањето вонреден професор. Во звањето редовен професор првпат е избран во 2001 година, а потоа реизбран во 2006 година.

Предавал на Природно-математичкиот факултет, Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На додипломските студии ги предавал предметите Личност, Теории за личноста и Психологија на личен развој.

На последипломските студии предавал околу 25 години. Предавал и на докторските студии, повеќе од 15 години водел едукативни групи за личен развој и интегративна психотерапија. Активно учествувал во голем број домашни, регионални и меѓународни научни и стручни собири. Учествувал во бројни работилници, едукативни групи и семинари. Завршил и четиригодишна едукација по гешталт терапија.

Проф. Јанаков професионално членувал во Друштво на психолози на Србија, Сојуз на друштва на психолози на Југославија, Европска асоцијација за психологија на личност, Американска психолошка асоцијација, Европска асоцијација за психотерапија…Во текот на својот работен век напишал голем број учебници, книги, статии и прирачници.

-Сепак, најмногу ќе остане запаметен меѓу колегите и студентите како професор кој држеше предавања од кои многу можеше да се научи, бидејќи освен теоретско знаење имаше и големо практично искуство кое несебично го споделуваше. Како човек секогаш слушаше внимателно, трпеливо и смирено, а љубовта кон психологијата активно ја покажуваше постојано залагајќи се за нејзина афирмација во земјава и надвор. Зад себе остави силен печат кај многу генерации психолози кои учеа од него и со тоа засекогаш го обезбеди своето место во вечноста на нашето високо образование и на психологијата како професија, соопшти Деканатот на Филозофскиот факултет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од…

Известување од Универзитетската Клиника за психијатрија: Со…

Лани дипломирале 12.2 насто повеќе од 2020,…

Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти…

Маж почина чекајќи во ред да купи…

Чекајќи во редица за да купи масло…

УКИМ продуцирал 134.600 високостручни кадри, над 13.800…

За 73 години постоење На денешен ден…

Успеа родителскиот бојкот во Љубен Лапе –…

Како и во целиот изминат период до…