Toшковски потврди дел од луѓето кои протестирале во Кочани ќе добијат кривични пријави

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање дали дел од лицата што протестирале за трагедијата во Кочани, добиле кривични пријави, Тошковски делумно потврди и нагласи дека ќе бидат поднесени кривични пријави за сите за кои постојат основи на сомнение дека е сторено одредено кривично дело.

-Од информациите коишто беа споделени во јавноста дел се точни дел се неточни. Секаде каде што постои основи на сомнение дека е сторено одредено кривично дело МВР ќе постапи и ќе процесуира соодветна постака до надлежното Јавно обвинителство. Онаму каде што постојат докази на степен на основи на сомнение ќе процесуираме соодветни постапки…Во конкретниот случај не би можел да специфицирам, но генерално, секаде каде што постојат докази дека е сторено одредено кривично дело од страна на кој било, без оглед дали седи на одрдено столче во рамки на одрдена институција или без оглед дали се однесува незаконито на улица, МВР ќе постапи. Заради тоа што еднаш засекогаш во оваа држава мора сите да се сложиме дали ќе ги почитуваме правилата на игра или нема да ги почитуваме. Ако сакаме да имаме држава мора да ги почитуваме правилата на игра, рече Тошковски на денешната заедничка прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

На прес конференцијата беше потврдено дека во текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Кочани во соработка со МВР ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица. Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од нив, за четири осомничени е предложена мерка притвор, за шест осомничени мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување комуникација, додека за уште осум се предложени мерки за претпазливост. Еден осомничен во моментот на отворање на истрагата беше надвор од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…