„Trojan Footprint 24“ од 16 јануари до 16 март во земјава со учество на странски вооружени сили
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министертсвото за одбрана за влегување и престој странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради учество на обука и вежба „Trojan Footprint 24“ и донесе таква Одлука.
Обуката и вежбата „Trojan Footprint 24″ е дел од Планот за организација и учество на Армијата на Република Македонија на вежби од меѓународен карактер за 2024 и 2025 година, согласно потребите за активно планирање, организирање, подготвување и реализирање заеднички обуки и вежби помеѓу сојузниците во НАТО.
Вежбата е предвидено да се реализира на територијата на Република Македонија, во период од 16 јануари до 16 март 2024 година, со учество на 40 припадници од специјалните сили на Вооружените сили на САД и 12 припадници на специјалните сили на Република Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства. Специјалните сили на Армијата на Република Македонија активно ќе учествуваат во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба со 55 припадници (учесници на активноста и реална логистика).
Локации за учеството на вежбата е предвидено да бидат АП „Криволак”, полигоните за обука и стрелиштата во гарнизонот Скопје и стрелиштето „Красте” во гарнизонот Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…