Tрамп се закани дека ќе го нападне Оман!
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата се закани со напад врз Оман доколку таа заливска држава се приклучи на Иран во намерата да воспостават заедничка контрола врз стратешки важниот Ормуски Теснец, пишува „Њујорк пост“.
„Или ќе се однесуваат како сите, или ќе ги кренеме во воздух“
Трамп овие коментари ги изнесе на седница на владата, порачувајќи дека САД нема да дозволат заедничка контрола на Иран и Оман врз теснецот.
„Никој нема да го контролира. Ние ќе го надгледуваме. Ние ќе го надгледуваме, но никој нема да го контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водиме. Тие би сакале да го контролираат“, рече Трамп.
Потоа упати директна закана кон Оман.
„Никој нема да го контролира теснецот. Тоа се меѓународни води и Оман ќе се однесува како и сите други, или ќе мора да ги кренеме во воздух. Тие го разбираат тоа. Сè ќе биде во ред“, додаде тој.
Оман беше посредник меѓу САД и Иран
Оман, инаку, служеше како посредник во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран пред да избие војната на 28 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tрамп се закани дека ќе го нападне…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата се…
Хегсет: Разузнавачките информации покажуваат дека блокадата на…
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет,…
Зеленски издаде наредба – уште три години…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им нареди на…
Таравари вечерва во „Клик Плус“: Проблемот на…
Повикот на Зијадин Села за заедничка тркалезна…
Костадинов ја шокираше македонската јавност: СДСМ бара…
Мои партиски другари, Сметам дека на сите…