Tрендафилов: На работниците им се закануваат за да не излезат на улица
Зошто македонскиот работник е погласен на социјалните мрежи отколку на улица? Дали вие како лидер се чувствувате предадено од сопственото членство кога на протест ќе излезат само неколку илјади луѓе, а стотици илјади се жалат на примањата од дома?
ТРЕНДАФИЛОВ: Моќта е во работниците и нивната бројност организирани во ССМ. Сите работници кои сметаат дека имаат ниска плата, кои сметаат дека платата не им е соодветна на трудот кој го вложуваат, кои сметаат дека работодавачите не ги ценат доволно или ги потценуваат, а не можат сами да го променат тоа, треба да ни се придружат. Ги повикуваме работниците да ни дадат што е можно поголема поддршка во наредниот период за следните чекори кои ќе ги направиме.
Доколку аргументите не се слушаат, ССМ ќе биде принуден, заедно со работниците, да премине на следните синдикални чекори, вклучително и протести и штрајкови. Наша работа како синдикат е да бидеме гласни, да протестираме и да штрајкуваме и за работниците кои се чувствуваат загрозено, на кои некој им се заканува или ги попречува да излезат на протест.
Работниците треба да знаат дека нивната бројност е клучна, затоа што кога не излегуваат на протест, другата страна тоа го злоупотребува и го толкува дека токму работниците со најниски примања се задоволни од висината на платата и дека зголемување на минималната плата и на останатите плати бараат само неколкумина, а другите дека не бараат и дека не им е потребно зголемување.
Но, работниците веќе јасно се изјаснија – 99,5% од испитаниците во анкетата на ССМ се подготвени уште од јануари да поддржат протести и штрајкови. ССМ ќе постапи согласно таа волја.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се наоѓа во предвечерието на сериозна синдикална офанзива. Додека државниот врв и бизнис-заедницата тактизираат со зголемувањето на минималната плата, работниците веќе го дадоа својот одговор, речиси стопроцентна поддршка за радикални чекори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tрендафилов: На работниците им се закануваат за…
Зошто македонскиот работник е погласен на социјалните…
Телма дознава: Мерки за претпазливост наместо домашен…
Мерки за претпазливост наместо домашен притвор барале…
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави…
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави…
Металната индустрија од Македонија пред најголемиот предизвик…
Металната индустрија во земјава се соочува со…
Трамп: САД нема да брзаат со признавањето…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…