(Видео)ЌЕ ИМА ПУKAЊE, АКО HEMA ИЗБОРИ: Зоран Заев јaдeшe живи лyѓе, па пykaше пред избори, па пцyeшe „пeдepи“ и ниkoj не му отвори иcтpaга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска во гостувањето во телевизија Телма во емисијата Топ Тема упати жестоки критики до обвинителството поради неговата селективност.

Веќе е јасно од која кујна се излезени најновите бомби чија цел е дискредитација на сведокот Орце Камчев, но и накалемување на ново кривично дело со што одредени структури во Македонија прават само продолжение на кривичното дело изнуда-рекет .

КОЈ ГО СНИМАЛ ОРЦЕ КАМЧЕВ: Детали за пpиcлyшkyвaните разговори, кој го снимал, а кој бил иницијатор на состанокот во Бугарија

Овој пат на Камчев се обидува да му се накалеми делото закана, посочува Куновска коментирајќи дека станува збор за метафора и притоа потсетувајќи ја јавноста на една од изјавите на Зоран Заев.

-Имате на пример вчера една брза и ефикасна реакција на обвинителството во однос на тоа кој ги пуштал како ги пуштал и дали има закани во делот што се однесува на тоа дека ќе има крв до колена иако најмалку сакајќи да бранам некого во ситуацијата јас го разбирам тоа на еден метафоричен начин. Но видете ако малку се обидеме да присетиме имавме пострашна ситуација во која имавме и видео материјал на кој што се тврдеше живи луѓе дека ќе се јадат па ниту обвинителството, а ни госпоѓа Шекеринска не реагираа вака како што реагираат по овој повод, вели Куновска.

Зоран Заев како градоначалник на Струмица пред неколку години во Валандово имаше скандалозна изјава велеќи дека кога СДСМ ќе дојде на власт ќе јадат живи луѓе.

– Велат вие сте меки луѓе, вие заборавате велат ќе одмине времето и ќе бидете пак исти, ве знаеме да им кажете исто така беше Заев, апсениот Заев, живи луѓе има да јадеме после тоа, рече Заев.

 

Да не заборавиме дека во декември 2012 година во телефонски разговор Заев изјави дека „ќе се пука“ откако новинарот од порталот нетпрес се претставил како член на СДСМ и телефонски го прашува што ќе се прави за изборите, а тој одговара дека најверојатно ќе се пука доколку локалните избори се одржат во закажаниот период.

Во низата на несреќни изјави на актуелниот македонски премиер може да се вклопи и онаа дадена од истото студио на Топ Тема каде вечерва гостуваше Куновска, а каде тој истакна во Македонија е можно украинско сценарио.

Водителот го праша опозицискиот лидер дали со одлуката, претседателот поставил темели за украинско сценарио, на што Заев одговори:

-Па може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This