ПАРТИСКИТЕ НАД ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ: Koj мaнипyлиpa со бeзбeднocните сертификат и го зaгpoзyва членството на Македонија во НАТО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По анализата која ја објавивме минатата недела, а која се однесуваше на партиските пресметки и чистки во процесот на трансформацијата на УБК во АНБ, денес продолжуваме со објавување на сознанијата добиени од Министерството за одбрана.

 

Во министерството и во АРМ се врши смислена чистка на неистомисленици, притоа употребувајќи го истиот метод кој се користи во АНБ, а тоа е манипулацијата со безбедносните сертификати и безбедносните проверки.

Оваа операција во МО се врши под будното око на „вуковарскиот херој“ Мирослав Стојановски, а извршители се раководителот на Воената служба за безбедност и разузнавање, Горан Василевски, кој важи за лице кое е потрчко на Мирослав Стојановски, а вмешан е и Директорот на ДБКИ, Стојан Славески, кој ги потпишува Решенијата за одбивање.

СДСМ ВЛЕГУВА ВО СВОЈАТА ФAШИЗOИДHA ФАЗА: Јовче и Фросина Ременски вршат партиска „ceча“ во МВР и УБК

На овој начин, оваа екипа успеала да ги уништи кариерите на голем број врвни офицери, кои се школувани во највисоките НАТО школи и Колеџи на некои од нашите стратешки партнери (САД, Велика Британија и слично), а на нивно место се протежираат лица кои се блиски до Мирослав од неговите денови во ЈНА.

Уште поинтересен е фактот што кај целата оваа тројка, Стојановски, Василевски и Славески, може да се најде уште еден заеднички именител, а тоа се нивните блиски конекции со една соседна земја, која не е членка на НАТО. Стојановски важеше за херој во армијата на таа држава, истакнувајќи се со некои акции, и беше дури обвинет за воени злосторства, Василевски исто така има блиски контакти со армијата на таа држава, па дури има објавувано и научни трудови во публикации кои ги издава Министерството за одбрана на таа држава, а Славески има магистрирано на еден од универзитетите во таа држава, факт што тој пробува да го скрие во својата биографија.

Знаејќи го сево ова, се поставува прашањето дали ова отстранување на кадри можеби не се прави со некоја заднинска намера и како на ова гледаат нашите партнери од НАТО, кои очекуваат независен и професионален ветинг на министерството и армијата?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This