XBB.1.5: Што се треба да знаете за новата “кракен“ ковид варијанта и колку е опасна

t

Додека повеќето од нас повеќе би сакале целосно да заборават на КОВИД-19, вирусот продолжува да се движи низ светската популација – и мутира на патот. Бројот на смртни случаи и хоспитализации поврзани со КОВИД се намали во повеќето земји во последниве месеци во споредба бројките за време на пандемијата во 2020 година, иако голем знак прашалник сè уште демне околу бројот на тековни инфекции во Кина.

Но, новата подваријанта на омикрон, која се појави и во нашите соседни земји, како Србија, сега го поставува прашањето дали треба да продолжиме да се грижиме за најновите видови на КОВИД-19.

Оваа нова подваријанта официјално се нарекува “XBB.1.5“ и е резултат на спојување на фрагменти од две други варијанти – она ​​што се нарекува “рекомбинантна подваријанта“.

“Два различни варијанти на BA.2 Омикрон некако се споија заедно за да го создадат ова“, објаснува Шина Круикшанк, професорка на Институтот за имунологија при Универзитетот во Манчестер.

Како XBB.1.5 се разликува од другите варијанти на коронавирусот?

Омикрон подваријанта XBB.1.5 е многу заразна “рекомбинантна“ мутација, што значи дека содржи генетски материјал од различни подваријанти на коронавирусот. Научниците засега претпоставуваат дека оваа варијанта е Позаразна е од остантите соеви бидејќи има дополнителна мутацијапоради која подобро се врзува за клетките.

Кои се симптомите на кракен?

Симптомите при инфекција со кракен не треба да се разликуваат од инфекциите со претходните подваријанти на омикрон, но се чини дека оние слични на грип стануваат се поретки, особено кај вакцинираните и ревакцинираните лица. Се поголем е бројот на оние кои имаат симптоми слични на настинка – течење и затнат нос, болки во грлото и кашлица. Покрај тоа, постојат симптоми карактеристични за Ковид, како што се губење на вкус и мирис, треска, главоболка, замор, болки во телото, но и гадење и дијареа.

Засега експертите велат дека нема причина за загриженост. Имено, Кракен не треба да предизвикува потешки инфекции од претходните омикрон подваријанти. Бидејќи вирусот постојано мутира, научниците утврдиле дека т.н моноклонални антитела, создадени со клонирање на матични клетки, не се многу ефикасни во борбата против најновите подваријанти на КОВИД-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицинска сестра ќе оди во затвор –…

Медицинска сестра (34) во Жупанискиот суд во…

ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…

Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…

Фаучи бил „шверцуван“ во централата на ЦИА…

Д-р Ентони Фаучи бил „шверцуван“ тајно во…