Објавено на:

Авион на НАТО собори украински дрон над Естонија, Киев се извинува

t

Романски борбен авион „Ф-16“, распореден во рамки на мисијата на НАТО за воздушна контрола на Балтикот, денеска собори дрон што влегол во воздушниот простор на Естонија, објави естонскиот јавен сервис ЕРР.

Естонските одбранбени сили претходно издале предупредување за воздушна опасност во јужниот дел на земјата, откако дронот бил забележан како се движи кон естонска територија.

Министерот за одбрана Хано Певкур изјави дека Естонија најпрво добила информација од Латвија, а потоа и естонските радари го потврдиле движењето на леталото.

„Добивме претходна информација од нашите латвиски колеги, а и нашиот радар детектираше дрон што се движеше кон јужна Естонија. Ги активиравме потребните мерки, а борбен авион од мисијата за воздушна контрола на Балтикот го собори дронот“, изјави Певкур.

Дронот бил пресретнат јужно од градот Полтсама и соборен со една ракета од романски Ф-16, кој полетал од воздухопловната база Шјаулај во Литванија. Остатоците паднале на работ на поле во селото Каблакула, во општина Полтсама. Локалните власти соопштија дека нема повредени.

Жител на селото за ЕРР изјавил дека видел два борбени авиони над местото, по што слушнал силна експлозија и го видел дронот како паѓа од небото. Според него, леталото паднало во шумски дел на околу 30 метри од најблиската куќа.

Полицијата го обезбедила поширокиот простор околу местото на падот, а на терен биле испратени пиротехничари и спасувачки екипи. Властите ги предупредија граѓаните да не ги допираат остатоците доколку ги пронајдат.

Естонските власти наведуваат дека дронот најверојатно скршнал од курсот поради силно електронско попречување во регионот. Според естонските одбранбени сили, Русија во тој простор користи попречување и лажно наведување на ГПС-сигналите, што може да предизвика беспилотни летала да ја изгубат планираната траекторија.

Естонскиот пратеник Марко Михкелсон оцени дека најверојатно станувало збор за украински дрон што требало да лета кон руска цел, но завршил во естонскиот воздушен простор.

Министерот за одбрана Хано Певкур нагласи дека Естонија не дозволила никому, освен на своите сојузници, да го користи нејзиниот воздушен простор. Тој додаде дека Украина не побарала таква дозвола.

Украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров подоцна се извинил за инцидентот во телефонски разговор со Певкур.

По интервенцијата, естонските власти соопштија дека воздушната опасност е завршена и дека нема информации за други неовластени дронови во воздушниот простор на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион на НАТО собори украински дрон над…

Романски борбен авион „Ф-16“, распореден во рамки…

СЗО бара прогласување глобална вонредна состојба

Група водечки меѓународни експерти собрани околу Светската…

По речиси тримесечна пауза, повторно отворена берзата…

Берзата во Техеран денеска повторно почна со…

Сиљановска-Давкова до бугарскиот амбасадор во Словенија: Македонскиот…

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и…

Јанез Јанша ќе биде премиер на Словенија…

Словенечките пратеници го предложија националистот Јанез Јанша…