Објавено на:

Автобус полн со Украинци се преврте во близина на границата кај Бугарија, има жртви и повредени

t

Најмалку две лица загинаа, а неколку патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во југоисточна Бугарија, во близина на граничниот премин „Мало Трново“.

Шест тешко повредени лица се однесени во болниците во Бургас, додека уште десет лица се згрижени во Итната медицинска помош во Малко Трново. Сите повредени се извлечени од возилото.

Во автобусот имало вкупно 39 украински државјани — 37 патници и двајца возачи, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас. Според локалните власти, автобусот застанал на средина од патот бидејќи му снемало гориво. Според градоначалникот на Мало Трново, возилото потоа почнало да се движи наназад и да се превртува, што довело до трагедијата.

Полицијата и брзата помош брзо интервенирале на местото на настанот, а повредените биле однесени во болница во Бургас. Некои од патниците биле привремено згрижени во локален центар за дневна грижа.

Надлежните органи во моментов спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности што довеле до несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобус полн со Украинци се преврте во…

Најмалку две лица загинаа, а неколку патници…

(Видео) Делови од Бугарија под снег

Делови од Бугарија се разбудија со снег.…

Кос: Се надевам дека новата бугарска влада…

Како што пренесуваат бугарските медиуми, тамошниот европратеник…

ЕУ и НАТО со честитки за Радев,…

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јавно…

Радев победи и во Македонија: 160 од…

„Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев доби најмногу…