Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен
Возач е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во атарот на селото Костур, во кривопаланечкиот регион.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 20:40 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на патот кај местото викано „Голем мост“, патничко возило „Лада Нива“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Г.А. од Крива Паланка, удрило во камен и се превртело на коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со повреди, кои биле констатирани во приватна болница во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил се превртел кај Крива Паланка по…
Возач е повреден во сообраќајна несреќа што…
Аларм: Повеќе од 1.000 мигранти во последните…
Повеќе од 1.000 мигранти во последните денови…
Возел со 2,50 промили алкохол и предизвикал…
Триесет и шестгодишен жител на Струга е…
9-годишно дете тешко повредено во сообраќајка помеѓу…
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје…
Мицкоски: Сѐ ќе направиме што зависи од…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…