Објавено на:

Адеми до претседателот на Уставниот суд: „Рацете подалеку од албанскиот јазик“

t

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, реагираше по интервјуто на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, обвинувајќи го за, како што вели, манипулации и намера за укинување на клучни одредби од Законот за јазиците.

Адеми во својата реакција истакнува дека „единствениот што манипулира во овој случај е Дарко Костадиновски“, додавајќи дека со неговите изјави само се потврдува намерата за оспорување на делови од законот.

„И во неговата последна изјава вечерва тој призна дека некои одредби од Законот за јазиците биле ‘проблематични’ од уставен аспект. Ова само ја потврдува неговата намера за укинување на клучни одредби од законот“, наведува Адеми.

Тој оценува дека наместо да се занимава со тоа како, според него, во јавноста протекол интерен материјал од Уставниот суд, Костадиновски треба да објасни зошто се бара укинување на 18 законски одредби, и покрај тоа што, како што вели, Уставот веќе ја утврдува употребата на јазиците како законска материја.

„Зошто не се откажат од рефератот кој има цел институционално уназадување на правата на албанскиот јазик? Планот го знаеме и тој нема да помине“, додава Адеми, завршувајќи со порака: „Рацете подалеку од албанскиот јазик“.

Од друга страна, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, во истото гостување во „Клик Плус“, ги отфрли обвинувањата на Адеми дека се работи за „масакрирање“ на албанскиот јазик во Уставниот суд, оценувајќи ги како „чиста манипулација“.

„Не знам од каде му е рефератот, но како и да е, не станува збор за никакво масакрирање на албанскиот јазик. Повеќе пати сум истакнал дека никој нема да го чепне албанскиот јазик. Тој е уставна категорија, така како што е уреден со Уставот“, изјави Костадиновски.

Тој додаде дека Законот за јазиците има цел да ја доуреди и дооперационализира неговата употреба во институциите и дека во пракса ја проширува неговата примена во повеќе области.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…