Адеми: Одлуката на Уставен суд од 9 Октомври е неуставна и незаконска

t

Издвоеното мислење на двајца судии на Уставниот суд од албанска етничка припадност, Проф. Осман Кадриу и Насер Ајдари, во врска со одлуката од 9 октомври на Уставниот суд за укинување на критичен столб на Уставот и Охридскиот Мировен Договор – правичната застапеност, предизвика слабока вознемиреност кај албанците но и сите грѓани кои за разлика од оваа влада се уште веруваат во соживот и еднаквост, изјави на денешната прес-конференција Арбр Адеми.

„Она што го прочитавме во ова мислење ги потресе сите мирољубиви граѓани на оваа земја, а особено Албанците. 

Кога судиите во своето мислење велат: “Одлуката е донесена на национална основа, преку прегласување, со носење одлуки против правата на немнозинските заедници и спротивно на основната вредност – правото на правично и адекватна застапеност. 

Ја сметаме оваа одлука за незаконска и со сериозни правни последици,” Ова претставува еден од најголемите напади врз меѓуетничките односи,потсетувајќи нè сите на однесувањето на институциите во деведесеттите години, кога загриженоста на Албанците беше надгласувана, потиснувана и многу често и насилно. 

Понатаму, во своето мислење, судиите истакнуваат: “Сакаме веднаш да нагласиме дека правниот израз – припадност на заедницата, е уставна институција и, како таква, уставна категорија. 

Како резултат, горенаведената одлука укинува уставна категорија која е поврзана со ‘припадноста на заедницата’.” 

Ова е уште еден доказ дека одлуката на Уставниот суд за спроведување на партиската програма на владејачката партија претставува обид за менување на мултиетничкиот карактер на уставниот поредок, кој е темел на концептот воведен со Охридскиот рамковен договор. 

Како легитимни претставници на албанскиот народ, повторно ја истакнуваме итната потреба од поништување на одлуката од 9 октомври, бидејќи истата е незаконска и противуставна. 

Ниту една одлука на Уставниот суд за закони донесени со двојно мнозинство според Бадентеровиот принцип не може да биде дискутирана или усвоена без учество и согласност на претставниците на таа заедница. 

За Албанците не може да се одлучува без Албанците!“- вели Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…