Објавено на:

Азизи: Украина е легитимна цел за Иран заради помошта за САД и Израел во војната со беспилотни летала

t

Шефот на иранската комисија за национална безбедност, Ебрахим Азизи денеска изјави дека Украина е „легитимна и легална цел“ откако им понуди помош на САД и Израел во војната со беспилотни летала, објави Скај њуз.

Овој висок ирански функционер изјави дека Украина му помага на Израел со беспилотни летала и поради тоа, „целата територија на Украина, врз основа на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, е легитимна и легална цел на Иран“.

Оваа изјава на иранскиот функционер е во согласност со заканите на Техеран кон другите европски земји за кои Иран смета дека им помогнале на Америка или Израел, пренесе Скај њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека им понудил поддршка на САД во водењето војна со беспилотни летала против Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азизи: Украина е легитимна цел за Иран…

Шефот на иранската комисија за национална безбедност,…

Супер Ел Нињо доаѓа, светот е на…

Светот е на работ на голема промена…

Алиу: Усвоен првиот Национален план за справување…

Министерот за здравство, Азир Алиу одржа завршно…

Гитаристот Тонев: Еден месец бев во кома,…

Гитаристот Горан Тонев, кој кобната ноќ настапуваше…