Актерот Лазар Бараков наполни 70 години – Ќе го паметиме по „Малиста поликала„, „франгите“, „вујче Бараков од Мокрино“
Еден од доајените на македонското глумиште, актерот Лазар Бараков, денес полни 70 години.
Роденденот со емотивна порака, и желба да доживее барем до 100 години, му ја честитаа на Фејсбук страницата „Ѓорѓи Колозов“.
„На 24 мај, на Кирил и Методиј, заокружува златна 70-ка човекот кој има 0 хејтери, а еден тон обожаватели – Лазар Бараков!
Лик кој ќе го паметиме по ‘Малиста поликала’ ‘франгите’, ‘вујче Бараков од Мокрино’ и многу други реплики и анегдоти кои испишаа историја на македонското глумиште и во колективната меморија на македонскиот народ.
Сцената никогаш не била поисполнета и потопла кога Царот – Ѓорѓи Колозов и неговиот советник – Лазар Бараков, ја создаваа магијата наречена – Македонски народни приказни. Чудесна хемија и хармонија која постоеше меѓу нив двајцата, а во сето тоа уживавме ние, гледачите.
Лично јас, посакувам да ти го честитам и 100-тиот роденден тука. Да си жив и здрав Лазаре“, напиша админот на оваа фан страница.